vesti24.mk
Uncategorized

Во првиот квартал 7.871 слободно работно место

ECA

Во првиот квартал од годинава стапката на слободни работни места во земјава изнесува 1,60 проценти.

Според податоците на Државниот завод за статистика бројот на слободни работни места во овој период изнесува 7.871.

Највисока стапка на слободни работни места од 3,47 отсто има секторот Административни и помошни услужни дејности, додека најмала е стапката во секторот Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување каде што изнесува 0,02 отсто.

Деловните субјекти со број на вработени од 10 до 49 имаат највисока стапка на слободни работни места која изнесува 2,13 проценти.

Пелагонискиот регион има највисока стапка на слободни работни места која изнесува 2,4 отсто.

Најголем број слободни работни места, односно 2.357, има во петтата група на занимања – Работници во услужни дејности и продажба.

Loading...