vesti24.mk
ВЕСТИ ЦРНА ХРОНИКА

Хорор во Србија: Македонски автобус излета од патот, четворица повредени

ECA

Четири лица се повредени во сообраќајна несреќа која се случила во 5.50 часот утрово ан автопатот Белград – Ниш во близина на алексиначкото село Катул.
До незгодата дошло кога автобус на транспортната фирма Транспродукт кој сообраќал на линијата Скопје – Белград, од сеуште неутврдени причини излетал од автопатот.
Екипите на итната помош четворица повредени пренесоа до нишкиот Клинички центар. Тројца по дијагностиката се отпуштени зошто немале сериозни повреди, а еден пациент и натаму е во болнциа. Според неофицијалнтие информации на лекување е задржан возачот на автобусот кому најверојатно му се слошило во текот на возењето, што довело до несреќата.
Во Транспордукт соопштија дека во моментот на несреќата во автобусот имало 14 патници кои влегле во Скопје.

Пресс24.мк

Loading...

Related posts