ЖИВОТ ЗАБАВА

Водителот насред програма во живо го бакнал пејачот во уста, жените врискале во шок

ECA

“Имаш меки усни, Пирс”, рекол Питер.

Познатиот водител Пирс Морган во славната утринска програма “Добро утро, Британијо” го угостил пејачот Питер Андре, кого во еден момент сочно го бакнал директно во уста.

Повод била фотографијата на која славниот фудбалер Дејвид Бекам во уста ја бакнува својата 7-годишна ќерка Харпер, која кренала голема прашина бидејќи луѓето ширум светот масовно го поставувале прашањето дали е во ред еден татко така да ја бакнува својата ќерка.

Во врска со тоа, екипата во студиото почнала да зборува на таа тема, а Питер, инаку татко на четири деца, го рекол следново:

“Се согласувам со тоа да, доколку поставуваш нешто на социјалните мрежи, се изложуваш себе. А, луѓето од се ја исклучуваат невиноста…”.

Меѓутоа, на прашањето на Пирс Морган дали пејачот ги бакнува своите деца во уста, Питер јасно одговорил.

“Сега веројатно не, но кога беа баш мали – да. Повторувам, за мене ова што се работи е извлекување на невиноста од се”, рекол тој.

Откако фотографијата на која Дејвид ја бакнува својата ќерка во уста била прикажана во студиото, водителот станал, го фатил пејачот за рамо и го бакнал директно во уста!

“Имаш многу меки усни, Пирс”, рекол Питер.

“Ова беше загрижувачки добро”, се пошегувал водителот.

Loading...

Related posts