ВЕСТИ ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА МАКЕДОНИЈА

ВОНРЕДНА БИОМЕТЕОРОЛОШКА ПРОГНОЗА НА МЕТЕОРОЛОГОТ ПОПОСКИ: СЛЕДУВААТ МНОГУ ТЕШКИ ДЕНОВИ

ECA

Во текот на новата недела како што претходно најавивме ќе ги имаме највисоките температури ова лето кој ќе се искачуваат во интервалот од 30 до 37 степени, од друга страна пак поради релативно високата влажност во воздухот истите ќе се чувствуваат како да се повисоки од реално измерените.

Биометеоролошките услови ќе бидат доста неповолни за голем дел од граѓаните па токму поради релативно спарното време и влагата во воздухот кај граѓаните ќе се јавуваат следните здравсатвени проблеми: Главоболки, тежина на главата и телоко како и болки во коските и на местата од старите рани, несоница додека кај дел од граѓаните и поспаност, повремена нервоза и проблеми со притисокот кај оние граѓани кој имаат проблем од истиот.

УВ ИНДЕКСОТ ќе има висока до многу висока вредност и ќе има коефициент некаде помеѓу 8 и 9.

Во вторник веќе ќе имаме нешто повеќе облачност па така времето ќе биде умерено облачно со сончеви периоди додека доцна попладне и навечер ќе има услови за локална нестабилнот проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер и тоа особено на север и на исток од државава.

Во среда попладне и навечер повторно ќе ималокална нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер а не се исклучува можноста и за нешто ПОИНТЕНЗИВНИ атмосферски процеси кој би можеле да бидат застапени во форма на НЕВРЕМЕ.

За подетални информации контактирајте ме на мојот официјален фејсбук профил каде можете да ја погледнете и секоја ново – обновена временска состојба – СЛАВЧО ПОПОСКИ!

Loading...

Related posts