vesti24.mk
ВЕСТИ ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА МАКЕДОНИЈА

Вонредно – циклонот НЕВЕН ќе услови многу снег, крајна претпазливост низ планините

ECA

Во текот на следните денови циклонот НЕВЕН ќе услови значителна снежна покривка на повисоките места и на планините па така околу 15ти овој месец истата може да достигна дури и над 50 цм, на некои места и значително повеќе.

Според сегашните анализи следниот викенд снег би можеле да видат и најголемиот дел од градовите низ државава, сепак околу ова состојбата континуирано ќе ја следиме и навремено ќе ве информираме за секоја нова ситуација.

Инаку интензивните снежни врнежи веќе започнаа низ планинските места во државава па токму поради ова на возачите им препорачуваме крајна претпазливост доколку патуваат низ планинските превои во текот на следниот период, поради ниските температури можна е и појава на голомразица.

Подготви: Славчо Попоски

Loading...

Related posts