vesti24.mk
ВЕСТИ ЦРНА ХРОНИКА

Воз со 250 патници излета од шините во САД

ECA

Брз воз со повеќе од 250 патници се преврте во близина на местото Паџет Саунд во американската држава Вашингтон, при што се повредени поголем број лица, но ниту еден од нив нема сериозни повреди.

Возот на компанијата „Амтрак“ сообраќал на линијата меѓу Ванкувер во Канада и Јуџин во Орегон, а од шините излетал во близина на мостот „Чемберс Беј“ кај Стелкем,

– Сите патници веднаш се евакуирани, соопшти патничкиот сервис на „Амтрак“, наведувајќи дека сите патници за кратко време добиле алтернативен превоз.

Одделот за пожарникари и спасувачи информира дека од шините излетале првите четири вагони на возот, по што ја повлекле целата композиција.

Причината за несреќата се уште не е позната, а истрагата е во тек.

извор:телма

Loading...

Related posts