vesti24.mk
ЕКОНОМИЈА СВЕТ

Вредноста на биткоин паѓа, овојпат е посериозно

ECA

Биткоин, највредната криптовалута на светот, изгуби дополнителни 10% од вредноста и е на најниско ниво од ноември, 2017 година.

Забраната за рекламирање на дигиталната валута на Facebook и сѐ поголемиот отпор на регулаторните тела кон овие берзи „ги пресекоа во лет“ инвеститорите и им всадија страв.

На луксембуршката берза Bitstamp денеска биткинот се тргуваше за 9.165,40 долари, што значи дека вредноста е падната на повеќе од половина во споредба со максималната цена од речиси 20.000 долари што ја достигна во декември.

Минатиот месец биткоинот изгуби повеќе од 26% од вредноста, што е најлош месечен резултат од јануари, 2015 година.

Другите криптовалути, вклучувајќи го рипл кој е третата најсилна валута по пазарна вредност, и биткоин кеш, исто така останаа послаби за 10% во изминатите 24 часа од тргувањето, според порталот Coinmarketcap.com.

Loading...

Related posts