ВЕСТИ ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА МАКЕДОНИЈА

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: И ПОНАТАМУ ПРОДОЛЖУВА ВИСТИНСКОТО ЛЕТО СО НОРМАЛНО ВИСОКИ ТЕМПЕРАТУРИ

ECA

И понатаму продолжува периодот на претежно стабилно, суво и нормално топло време со нормално високи температури на воздухот.

Времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од промелнив правец.

 

Во попладневните часови особено денес (четврток) и претежно на планинските места но и на оние места кој се во близина на планините ќе има услови за локален краткотраен дожд проследен со грмежи а не се исклучува можноста и за сосема редок град.

Максималните дневни температури на воздухот и во текот на следните денови ќе се искачуваат во интервалот некаде од 28 до 35, 36 степени.

 

УЖИВАЈТЕ ВО ВИСТИНСКОТО ЛЕТО КОЕ И ПОНАТАМУ ПРОДОЛЖУВА.

За подетални информации контактирајте ме на мојот официјален фејсбук профил каде можете да ја погледнете и секоја ново – обновена временска состојба – СЛАВЧО ПОПОСКИ!

Loading...

Related posts