ВЕСТИ ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА МАКЕДОНИЈА

Временска прогноза на Попоски: Следуваат прекрасни сончеви и топли денови

ECA

Во текот на следните денови територијата на нашата држава ќе биде под влијание на антициклон кој е со центар над североисточна европа, истиот ќе услови да имаме стабилно, сончево и натпросечно топло време со мала локална облачност. Само денес попладне во западните планински предели ќе има услови за краткотраен локален дожд.

Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец.

Минималните температури на воздухот ќе се спуштаат во интервалот од 0 до 12 степени додека максималните дневни од 20 до 27 степени.

Ув индексот ќе има умерено висока вредност и ќе има вредност помеѓу 4 и 5.

Подготви: Славчо Попоски

Loading...

Related posts