ВЕСТИ ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА МАКЕДОНИЈА

Временска прогноза на Славчо Попоски, продолжува вистинското октомвриско лето

ECA

Под влијание на невообичаено топла воздушна маса која продира од југ и во текот на следните неколку денови во државава времето ќе биде сончево повремено со умерена локална облачност а не се исклучува можноста и за сосема слаб и локален дожд особено на планинските места.

Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец додека веќе во сабота ќе започне спуштање на нешто посвежа воздушна маса од север па така ветерот ќе го смени својот правец во северен и ќе засилува по интензитет.

Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 28 степени додека веќе од сабота навечер ќе бележат тенденција на поастепено опаѓање.

Подготви: Славчо Попоски

Loading...

Related posts