vesti24.mk
Uncategorized

Времето денес сончево и топло

ECA

Времето денес во Македонија ќе биде сончево и малку потопло. Кон крајот на денот ќе има услови за локална појава на нестабилност пред се во северните делови од земјава.

Утринската температура ќе се движи од шест до 11, а дневната од 18 до 27 степени.

Во Скопје ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност и со умерен ветер од западен правец. Кон крајот на денот ќе има услови за локализирана појава на нестабилност. Утринската температура ќе се спушти до осум, а дневната ќе достигне до 28 степени.

Loading...