vesti24.mk
БАЛКАН ВЕСТИ

Вучиќ предлага поделба на Косово и размена на територии?

ECA

Српскиот претседател ја отвора можноста за нов договор со соседно Косово, кое се отцепи од Србија пред 10 години, кој овојпат би ја вклучувал и можноста за размена на територии меѓу двете земји, пишува хрватски Глобус.

Српскиот претседател Александар Вучиќ вели дека доколку таков договор за „демаркација“ не се оствари, Албанците би можеле да се рашират низ цела Србија во следните години поради нивниот висок наталитет, пишува германската новинска агенција ДПА.

Ваквиот став, Вучиќ наводно го изнел во интервју за хрватскиот неделник Глобус, а го пренесуваат хрватски и српски медиуми.
Според ДПА, доколку се следат сугестиите на Вучиќ, северно Косово, кое мнозински е населено со Срби, би се вратило кон Белград, додека во замена за него, регионот околу српскиот град Прешево, кој е мнозински албански, би се припоил кон Косово.

„Сите Срби знаат дека го изгубија Косово- но јас ќе сторам сѐ што е во моја моќ да вратам што се може, за на крајот да не испадне како целосен пораз или целосна загуба“, вели Вучиќ за Глобус.
„Доколку видам дека нешто е добро за Србија, јас тоа ќе го туркам- без оглед на последиците“, вели српскиот претседател.

Авторот на интервјуто со Вучиќ, хрватскиот новинар Дарко Худелист во одделен текст ги анализира најавите на Вучиќ на следниот начин:
„Поедноставено кажано: да, ќе го признаеме Косово (но без чинот на експлицитно меѓународно-правно признавање), но за возврат ќе го ‘истргуваме’ северот на Косово. Нема на (Албанците на Косово) да им дадеме баш сѐ, нешто сепак ќе успееме да задржиме и за себе“, пишува Худелист. Нејасно е дали тој на овој начин ги цитира зборовите на српскиот претседател, пренесува неофицијален став или извлекува сопствени заклучоци? Авторот потсетува дека често се пишува за „концептот на Вучиќ за ткн. размена на територии“ односно концепт на „корекција на границите“ или, како што наведува Худелист, концептот на „компромис“– збор кој Вучиќ последните недели и месеци сѐ почесто го користи.

извор:dw

Loading...

Related posts