vesti24.mk
БАЛКАН ВЕСТИ СВЕТ

Вучиќ: Србија има три цели на Косово

ECA

Српскиот претседател, Александар Вучиќ рече дека главните цели на Белград на Косово се зачувување на мирот и стабилноста, заштитата на државните интереси и осигурувањата на имотните права на косовските Срби.

„Ако постигнеме договор, ќе имаме повеќе од денес“, рече српскиот шеф на државата за „РТС“.

Вучиќ додаде дека со сите предлози ќе излезе пред граѓаните и ќе каже што е договорено. Тој додаде дека во германската канцеларка, Ангела Меркел гледа искрен пријател, бидејќи ги спасила од конфликти со Хрватска до кои можело да дојде поради мигрантската криза кога Унгарците подигнаа ѕид.

На прашањето каков е неговиот став по изјавата на Меркел дека нема да има промена на границите, Вучиќ нагласи дека Германија и САД ја разграничиле Србија во моментот кога во 2008 година ја признаа косовската независност.

„Затоа кога велат дека се против разграничување, тоа значи дека се против промена на границите кои ги утврдија на наша штета“, рече Вучиќ.

Loading...

Related posts