vesti24.mk
ВЕСТИ МАКЕДОНИЈА

Вуиќ: Тешко ќе биде судот да ги одбие предлозите за притвор

ECA

Специјалното јавно обвинителство бара притвор за лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

Освен за Груевски притвор се бара и за поранешниот шеф на кабинет на Груевски, Мартин Протугер, за поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, поранешниот генерален секретар на партијата, Кирил Божиновски и поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска. Сите се обвинети во случајот „Титаник“ кој се однесува на изборни нерегуларности.

Обвинителството побарало притвор за вкупно 18 лица, а меѓу нив е и уредникот на телевизија Сител, Драган Павловиќ- Латас кој е обвинет во случајот „Тотал“.

-И покрај тоа што сум генерално противник на мерката притвор но овој пат сметам дека судот ќе биде доведен во исклучително деликатна  состојба да, со вака тешки обвиненија и големи штети за кои што обвинителството доставува докази, избегне да ја определи најтешката мерка на претпазливост, притвор – изјави за Бриф, адвокатот Мирослав Вуиќ.

Според него, очигледно е дека во текот на истрагата одбраната и обвинетите ги користеле сите средства предвидени согласно законот за да ја отежнат работата на обвинителството.

-Ова од една страна е легитимно меѓутоа такво нешто во претходните  години на никој од нас адвокати не ни беше дозволувано. Дали сега нешто ќе се смени во праксата на судот тоа во најкратко време ќе го видиме но сметам дека сериозноста  на овие предмети ќе доведе до тоа да барем некој од осомничените добие мерка за обезбедување за да и целосно предметите можат да добијат правилен тек и законско завршување. Во спротивно доколку и понатаму некој избегнува што е секако, ќе се согласите возможно, тогаш се доведуваат другите сообвинети или соосумничени во неповолна положба за да не можат да се завршат судските постапки -изјави Вуиќ.

Loading...

Related posts