vesti24.mk
ВЕСТИ СВЕТ ЦРНА ХРОНИКА

За една година убиени 100 новинари, виновниците често минуваат неказнето, а еве во кои земји има најмногу злосторства

ECA

Анализата на податоци собрани од септември 2017. година покажува дека во многу случаи на намерни убиства на новинари истрагите се бавни и дека извршителите не се изведени пред правдата.

Владите ширум светот не ги истражуваат доволно убиствата на новинарите, а Мексико и Индија водат по бројот на понови случаи за кои уште не е започната истрага, соопштил Меѓународниот институт за медиуми – IPI, со седиште во Виена по повод 2. ноември, Меѓународниот ден на борбата за ставање крај на неказнивоста на злосторствата над новинарите.

Програмот “Death Watch” на овој институт, кој ги следи смртните случаи на новинарите и медиумските работници поврзани со работата со која се занимаваат, утврдил дека дури 100 новинари ги изгубиле своите животи ширум светот од септември 2017. година, при што нивната смрт е поврзана со нивната работа.

Од 100 убиени новинари, најмалку 32 биле убиени во знак на одмазда за нивната работа, често како одговор на извештаи во кои откриле корупција или активности на криминални групи, стои во соопштението.

На листата која ја составил “Death Watch” има уште 41 новинар за кои се сомнева дека се убиени во врска со нивната работа, но за чии убиства не постојат доволно докази, бидејќи истрагата воопшто не е започната.

Тринаесет новинари, се наведува, го изгубиле животот додека известувале за вооружен судир, повеќето во Авганистан.

Анализата на податоци собрани од септември 2017. година покажува дека во многу случаи на намерни убиства на новинари истрагите се бавни и дека извршителите не се изведени пред правдата.

Мексико и Индија, се покажало, на основа на резултатите на истражување, се земји во кои истрагите за убиствата на новинарите посебно доцнат. Во Мексико биле убиени 14 новинари, а во Индија 12 во последната година.

Досега до апсење дошло само во два случаи во Мексико и во шест случаи во Индија, а повеќето апсења биле контроверзни, при што медиумските наводи фрлаат сенка на доверливоста на некои од апсењата.

“Неказнивоста на убиствата на овие новинари и бавноста во истрагите го отвораат прашањето дали смртта на новинарите се истражува темелно и итно, и како треба да се истражуваат овие случаи за да се заштити слободата на медиумите”, рекол Рави Р. Прасад од Институтот со седиште во Виена.

IPI потсетува на случајот со убиениот новинар Јан Куцијак и неговата девојка во Словачка на 22. февруари оваа година, со заклучок дека мозокот на операцијата и натаму е непознат, иако словачките власти обвиниле четири лица во врска со тоа убиство.

Се потсетува и на случајот со малтешката новинарка Дафне Каруане Галиција, во октомври 2017. година, со оцена дека нема видлив напредок во истрагата.

Loading...

Related posts