vesti24.mk
ЖИВОТ

За многу ова е работа од соништата: 13.000 долари месечно, ваше е само да уживате

ECA

Од вас се бара само да знаете да уживате. Ваквото нешто е работа од соништата за многу.

Веб-страницата за патувања Cancun.com бара вработен чија позиција ќе биде да ужива на плажа шест месеци. Платата е 13.000 долари месечно, односно 78.000 долари за шестмесечниот ангажман.

Работата предвидува лежење на плажа, престој во луксузни хотели, објавување содржини на социјалните мрежи, посетување ноќни клубови како VIP гостин и учество во активности.

Во описот на работното место на веб-страницата стои дека ова е искуство што се доживува еднаш во животот.

Генералниот менаџер Чед Мејерсон вели дека одвај чекаат да почнат со потрагата по новиот вработен кој наедно ќе биде и нивно заштитно лице.

„Можноста да бидете платени, да живеете и да патувате низ Мексико е прилика што се пружа еднаш во животот“, истакнува тој.

„Навистина станува збор за една извонредна туристичка дестинација и сакаме да бидеме сигурни дека сме ја нашле вистинската личност да ни помогне да му покажеме на остатокот од светот што има да понуди Канкун, од култура до локации, прекубави хотели и волшебни плажи“, додава Мејерсон.

За да се пријавите за оваа работна позиција нема да ви биде доволно само класично CV, туку и едноминутно видео во кое објаснувате зошто сте вие совршениот кандидат за работата.

Loading...

Related posts