vesti24.mk
ВЕСТИ ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА КУЛТУРА

За сите планинари – Викенд планинска временска прогноза на Славчо Попоски

ECA

Почитувани граѓани, со оглед дека пред нас е викенд, одсега па натаму секој викенд ќе објавуваме викенд планинска временска прогноза со цел навремено и најпрецизно да ги информираме на сите планинари какво време ги очекува доколку одат на планина.

За време на овој викенд насекаде низ планините во државава ќе имаме нешто повеќе облаци, утре (сабота) услови за слаб локален дожд ќе има во југоисточните планински предели а попладне и навечер како и во текот на ноќта кон денот недела и во западните планински предели.

Поинтензивен влажен бран и врнежи од дожд ќе има особено во недела попладне како и во текот на ноќта кон понеделник.

Особено во недела на надморска височина од над 2000 метри ќе дува силен ветер претежно од западен и од југозападен правец и тоа особено во западните и југозападните планини ( удари над 70 км/час).

Поради релативно високите температури на воздухот но и јужното и југозападно воздушно струење, снежната граница ќе биде доста високо (над 2000 м.н.в).

На сите планини низ државава овој викенд ќе има услови за магла и ниски облаци кој би можеле значително да ја намалат видливоста, токму поради ова доколку планинарите тргнуваат на планинарење да бидат КРАЈНО ПРЕТПАЗЛИВИ затоа што условите за планинарење ќе бидат неповолни и тоа особено на високите планини како што се Шар Планина, Пелистер, Кожуф, Солунска Глава и Јабланица.

Подготви: Славчо Попоски

Loading...

Related posts