ВЕСТИ МАКЕДОНИЈА

Заев: Да си го простиме 27 април и да гласаме за државата да оди напред

ECA

Образложувајќи го предлогот премиерот Зоран Заев потенцираше дека сега најголемата одговорност за иднината на земјата е во рацете на пратениците. Ги повика сите да гласаат по сопствена волја, особено оние што се двоумат, да размислат како ќе гласаат.

„НАТО и ЕУ се ретка работа која не обединува .

Заради политиката ни е подделено општеството, дури до омраза во семејството кое е основна клетка и затоа е крајно време да им кажеме стоп на поделбите. Заедничка ни е Македонија но и обврската кон граѓаните. Еве прилика да си простиме, да кажеме доста е, да си простиме пред грешките. Ајде да почнеме од тој април 27 кога прва мета бев јас, а потоа сите други пратеници кои беа мета на изманипулирани поединци“, посочи премиерот.

– Погледнете во иднината, во иднината на вашите деца, рече премиерот, додавајќи дека волјата на граѓаните е државата да оди напред, рече премиерот.

Политичарите доаѓаат и заминуваат, но нема друг начин, ако ние овде не се помириме, нема иднина за нашата земја, ако прво ние овде во Парламентот не си простиме, заради интересите на нашите граѓани.

Вашата историска улога ја очекуваат сите граѓани, но и светот кој едногласно ги подаде рацете и ја прифати нашата земја, додаде премиерот“, кажа премиерот.

Другиот избор, според него, ќе не фрли во изолација, и ќе ни ги врати назад политичките трауми што ги проживеавме во последните 27 години, а особено последните неколку години.

„Ајде да и дадеме на Европа една стабилна Македонија и Блакан кој нема да биде буре барут.

Погледнете длабоко во вашите срца, повикајте ја вашата совест, а историјата ќе ја запамети оваа одлука, за добро или за лошо“, посочи Заев кој секој пратеник го повика да одлучи по слободна волја.

Владата , дополни дека е подготвена да биде максимално подготвена за прифаќање на амандмани, но да бидат во духот на договорот од Преспа.

Loading...

Related posts