ВЕСТИ МАКЕДОНИЈА

ЗАЕВ НАЈАВИ ДЕКА УШТЕ НЕКОЛКУ ПРАТЕНИЦИ КЕ ПРЕМИНАТ ВО МНОЗИНСТВОТО?

ECA

Премиерот Зоран Заев очекува неделава да биде затворено прашањето за законот за употреба на јазиците. На заедничката прес-конференција во Владата со претседавачот на Советот на министри на БиХ Денис Звиздиќ, Заев рече дека дебатата за ова прашање е отворена веќе девет месеци и треба што побрзо да биде затворена.

– Сите кажаа се што имаа, а беше оставено и доволно време за дијалог. Законот конечно треба да се донесе согласно Уставот и законите. Со тоа ќе биде затворен последниот легалистички аспект од Рамковниот договор. Да го оставиме нека се реализира, нека има своја имплементација и ќе видиме дека не е нешто што е болно, тешко или трагично, туку е нешто што ќе овозможи полесно да се разбираме едни меѓу други, рече Заев.

За пораката од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски дека неговата партија ќе даде поддршка за реформските планови на СДСМ ако законот за јазици биде повлечен од собраниска процедура, Заев оцени дека станува збор за „копи пејс“ од изјавите на поранешниот партиски лидер Никола Груевски.

– Апсолутно, тоа го зборуваше Никола Груевски, нека биде Заев против нешто и веројатно тие ќе ја крепеле потребата од мнозинство во парламентот. Не, Владата е стабилна, како и мнозинството во Парламентот, изјави премиерот Зоран Заев.

извор:слободенпростор

Loading...

Related posts