vesti24.mk
ВЕСТИ МАКЕДОНИЈА

Заев: Верушевски ги исполнува критериумите за директор на УБК

ECA

Ќе направам сè што е во моја надлежност за рокот за поднесување обвиненија на СЈО да се продолжи, изјави премиерот Зоран Заев, по излегувањето од Специјалното јавно обвинителство, каде во својство на сведок и оштетен даваше исказ за случајот „Таргет“. Тој наведе три можности за решавање на ова прашање.

– Едната е преку измени на Законот за СЈО во Собрание со двотретинско мнозинство, другата е преку Уставниот суд и последната е СЈО да биде инкорпорирано како посебно одделение во редовното Јавно обвинителство – изјави премиерот Заев.

На денешната владина седница, Заеврече дека не станало збор за разрешувањето на актуелните директори на УБК и на БЈБ и за именување нови. На дневен ред било само именувањето на Магдалена Несторовска за нов државен секретар во МВР и биле констатирани оставките на државните секретари во другите министерства.

За шпекулациите дека Зоран Верушевски би можел да биде нов директор на УБК, Заев рече:

– Тој ги исполнува сите критериуми, но тој би претпочитал за таа позиција да се бара друго решение, односно кандидат кој би дошол однатре, имајќи ги превид сериозните реформи што треба да бидат спроведени во Управата за безбедност и за контраразузнавање.

За разрешување на државниот јавен обвинител Марко Зврлевски, премиерот истакна дека штом е готово мислењето на Советот на јавни обвинители и доколку Владата нема повеќе обврски во рамки на процедурата, таа е подготвена да го испрати предлогот во Собранието.

– Штом биде разрешен актуелниот јавен обвинител, Владата веднаш ќе иницира постапка до Собранието за назначување на нов. Мојличен став е новиот јавен обвинител да биде експерт, кој ќе ја има довербата, пред сè, кај граѓаните – изјави Заев.

Заев денеска во СЈО даде исказ какосведок и како оштетен во случајот „Таргет“.

извор:мкдневс

Loading...

Related posts