vesti24.mk
ЖИВОТ

Запознајте ја Амира, најубавата принцеза на светот (фото)

ECA

За Амира Ел Тавил многумина ќе ви речат дека е најубавата принцеза на светот, но воедно и дама со несекојдневна животна приказна, голема хуманитарка, филантроп, меѓународна модна икона.

Амира ел Тавил (33) е принцеза од Саудиска Арабија. Родена е во Ријад, град каде, поради разводот на родителите, израснала со нејзината баба и мајка.

https://www.instagram.com/p/rmgSG_oIXz/

Принцезата Амира беше пет години во брак со принцот Алвид Бил Талал, а го запознала додека го интервјуирала за весникот на своето училиште.

После разводот, таа се решила да се посвети на образованието, па се стекнала со диплома магистер за бизнис администрација.

Тука нејзините успеси не завршуваат.

 

Оваа убавина започнува да се занимава со хуманитарна работа во својата земја, но и во другите држави.

Така дојде до позицијата директор на извршниот одбор „Ал Валид бин Тала“, организација која е посветена на борбата против сиромаштијата, меѓуверскиот дијалог и правата на жените.

Покрај одличниот пример на самостојна и силна жена, Амира многумина воодушеви со својот моден стил, односно фактот дека ги отфрли традиционалните правила на својата земја.

Исто така често можеме да ја видиме во модни комбинации кои претставуваат микс на традиционалниот и модерниот стил.

извор:канал5

Loading...

Related posts