vesti24.mk
ВЕСТИ СВЕТ

Жената која ги уништува животите на психопатите, силувачите, перверзниците

ECA

На нејзиниот сајт со големи букви пишува – “нашите клиенти не се кревки како цвет, тие се кревки како бомба”.

Кери Голдберг во текот на адвокатската кариера за права на жртвите се соочувала со следните видови на прастапници: манијаци, перверзници, психопати и силувачи. Таа неодамна победила во случај за сексуално злоставување во вредност од 950.000 долари.

Голдберг и нејзината компанија се специјализирани за сексуално злоставување и кршење на сексуалната приватност, вклучувајќи и порнографија, изнуда и други облици на злоупотреба на интернет.

Дефинирана како дистрибуција на сексуално експлицитни слики од лица без нивна согласност, порнографијата е облик на злоставување кое погодува едно од осум возрасни лица, во главно жени.

Сексуалните изнуди одат и чекор понатаму.

“Тоа е кога некој се уценува, обично интимни фотографии или снимки се користат како средство некој да се натера да направи нешто”, вели Голдберг.

Меѓутоа, пред пет години, кога на самата Кери и бил потребен адвокат во оваа област, таа немала кај кого да се обрати. Во 2013. година маж со кој била во кратка врска почнал да ја вознемирува, на почетокот и праќал стотина мејлови и СМС пораки, а потоа се обидел да провали во нејзиниот стан.

Се ескалирало кога го хакирал нејзиниот компјутер, а потоа на нејзините колеги и ги пратил нејзините интимни фотографии и снимки.

“Ми кажа дека го мине остатокот од животот во уништување на мојот и дека не постои доволна длабока дупка во која можам да се сокријам”, рекла таа.

Преплашена, Кери отишла во полиција, но по четири судски постапки, сфатила дека ништо не е решено.

“Кога минував низ ова трауматично искуство, не можев да најдам никој што познава насилство во семејство и знаеше кривичен закон, кој ги познаваше законите за авторски права за голи фотографии и го разбираше интернетот и социјалните мрежи”, рекла таа.

Набрзо дала отказ и отворила своја компанија.

“Планот беше да станам адвокатот кој ми е потребен и да бидам тој адвокат за другите луѓе”, објаснила Кери.

На нејзиниот сајт со големи букви пишува – “нашите клиенти не се кревки како цвет, тие се кревки како бомба”. Кери истакнува дека нејзините клиенти не се жртви туку војници.

Досега нејзината адвокатска канцеларија отстранила околу 18.00 порнографски видео снимки и фотографии од интернет и открила идентитети на 164 мејлови и профили на социјалните мрежи од кои доаѓале вознемирувања.

Според официјалните извештаи секое трето злоставување на интернет се пријавува во полиција, што треба да се промени.

Кери на крајот има порака за сите оние кои планираат некаква одмазда или уцена со порно снимка.

“Доколку ви падне на памет да објавите интимни фотографии од поранешните партнери, со уцена да се обидете нешто да постигнете, едноставно немојте. Бидејќи ние ќе дојдеме по вас”, порачала таа.

Loading...

Related posts