vesti24.mk
ВЕСТИ МАКЕДОНИЈА

Жерновски се лижи кај Заев за уште еден мандат?

ECA

“Добро беше да се сретнеш со премиерот Зоран Заев, тука во Скопје. Земјата сврти страница, отворајќи го патот за нова динамика на реформи за доброто на граѓаните. Пофалби за премиерот Зоран Заев за покажаното лидерство, подадената рака кон соседите и ставањето настрана на политичките и етничките поделби“, напиша пред малку Хан на „Твитер“.

Исклучително прецизна и точна констатација на еврокомесарот. Брисел многу добро знаеше дека претходната Влада ја водеше меѓународната политика само за домашна употреба и дека таквата стратегија ја турна државата во меѓународна изолација.
За да се променат нештата во Македонија, беше потребна храброст да се каже дека „диктатура може да се победи со пенкало”. Но откако диктатурата навистина беше победена со пенкало, се чини дека е потребна исто толкава храброст за да се исчекори во насока на подобрување на односите со соседите.
​Тоа не е лесно да се направи во било која земја на Балканот. Оттука, на Заев и на Димитров им беше потребна храброст да ги направат првите посети на соседите и да ги постигнат првите успеси на тој план. И јас им честитам за тоа.
Бојко Борисов, потегот на Заев дури го нарече и ризик, познавајќи ги добро оние што во двете земји се подготвени секое подобрување на односите да го оценат како „предавство на сопствените национални интереси”.
​Грција веќе јавно размислува за изноаѓање на решение за спорот околу името со кое нема да се оспори националниот идентитет на граѓаните од Македонија. Бугарија, пак, говори веќе отворено дека со признавањето на незвисноста на Македонија и на нејзиниот Устав, го признала и македонскиот јазик.

Се разбира, никој не очекува дека сите проблеми со соседите ќе бидат решени преку ноќ. Но, дефинитивно нема ништо да се промени на тој план без храброста на новиот премиер да се победи омразата со љубов, изолацијата со соработка, а стравот со доверба.
​Затоа таквата нова стратегија во надворешната политика на Македонија заслужува поддршка, како доказ дека без храбар исчекор не може да се очекува напредок.

извор:мкдтимес

Loading...

Related posts