vesti24.mk
Uncategorized СПОРТ

Зидан му се спротивстави на Перез за договорениот јануарски трансфер: Не ми е потребно тоа!

ECA

Мадридските медиуми веќе неколку дена на големо пренесуваат дека Флорентино Перез веќе го има договоренот трансферот на Кепа Аризабалага од Атлетик Билбао, исклучително талентираниот чувар на мрежата на кого му се предвидува да биде прв голман на Шпанија во наредните години.

Трансферот кој се очекува да биде реализиран во наредните неколку дена е само прашање на време и во овој момент неизвесно е само тоа кога Перез ќе ја вклучи клаузулата вредна 20 милиони евра, но додека цела шпанска јавност говори за Кепа како за нов голман на Реал Мадрид, Зинедин Зидан ова попладне излезе со навистина неочекувана изјава, потенцирајќи дека не му е потребен нов голман во тимот.

– Како тренер на тимот, велам дека во овој момент не ми е потребно тоа. Не ми е потребен голман. Ако во јуни сметам дека треба да има промени, ќе седнеме, ќе зборуваме и можеби ќе има позиции кои ќе ги засилиме. Во изминативе две години не дојде ниту еден нов играч на тоа место. Сакам да зборувам само за моите играчи, – потенцирал Зизу, јасно ставајќи до знаење дека не се согласува со интенцијата на Перез да го доведе Кепа уште во јануари.

Loading...

Related posts