Злосторство кое го потресе регионот: Девојче (15) не се кае што го уби малечкиот Денис (3)

Уставниот суд на Хрватска ја отфрли тужбата која ја поднесе малолетничката која заедно со чедоморката Кјара Ројниќ го уби тригодишниот син на Кјара, Денис минатата година во Пула.

Тинејџерката која за време на злосторството имала 14 години и била штитеничка на домот за незгрижени деца во Пула, се залеше дека и се прекршени уставните права со тоа што и е продолжен истражниот затвор, во кој се наоѓа од 24 мај 2017 година.

Уставниот суд одлучи дека ќе мора да остане во истражен затвор.

„Од собраните наоди и мислења на вештаците психолог и психијатар од јули 2017 година, следува дека именуваната малолетничка не покажува вина и каење поради конкретното случување, туку се жали што е во затвор“, се наведува во одлуката на Уставниот суд. Се додава дека во текот на испитувањето тоа девојче детално ги опишало подготовките за убиство на детето, самото убиство и обидите за негово прикривање.

Оваа малолетничка во текстот се нарекува „малолетната Х“, но некои медиуми за време на злосторстовото јавија дека станува збор за извесна Маријана Л.

Тие настани траеја долго, наведува Уставниот суд, а тинејџерката – сочучесничка во убиството ““не опишала чувство на страв, размислување за негативните последици од настанот“, ниту во нејзиниот опис од тоа убиство се гледа дека настаните биле импулсивни, „при што искажала ладнокрвност, недостаток на емпатија и бесчуствителност, како и немање страв, што во основа на развојот претставува нарушување на личноста на асоцијален тип“, стои во документите на Уставниот суд.

Натаму се наведува дека девојчето во истражниот затвор поради основано сомнение дека пак би можела да направи тешко кривично дело.

-Покжа упорност при извршувањето на кривичното дело, потоа кога се има во предвид дека именуваната поради сложените семејни прилики престојувала во сместувачки семејства и воспитни домови, што не дало позитивен ефект, туку од таму бегала, а сите тие околности кои по свое значење и збир претставуваат токму онакви посебни околности од членот 123 став 1 точка 3 од Законот за кривична постапка, кои упатуваат на тоа дека би можела да стори потешко кривично дело, што е и причина за натамошна примена на марката истражен затвор кон именуваната малолетничка, смета Уставниот суд и одбива истражниот затвор да го замени со поблага мерка.

Чедоморката Кјара Ројниќ

Да потсетиме, првообвинетата во овој страотен случај Кјара Ројниќ (33) која на 23 мај 2017 година со помош на малолетното девојче со перница го задушила сопствениот син Денис (3). На малечкиот Денис му ставиле перница преку лицето и го гушеле додека не починало. Потоа неговото безживотно тело го замотале во ќебе, со количка го однеле со зафрлената плажа и го оставиле телото во плиткото за да изгледа како да се удавило.

Шест часа подоцн, „загрижената“ мајка Кјара Ројниќ влегла во полициската станица во Пула и го пријавила исчезнувањето на синот. Приказната била толку шуплива што сите веднаш посомневале на неа, а таа набрзо по признала злосторствоот. Телото на детето е пронајдено според упатството што го дала во полиција, а обдукцијата покажа дека малечкиот е задушен, односно дека не се удавил.

Во случајот е обвинет и Адеми Бурим (30) кој во време на злосторстовото имал 29 години, кој обвинението го товари дека не го пријавил кривичното дело и така направил кривично дело против правосудството.

извор:сителтв

Loading...