ВЕСТИ МАКЕДОНИЈА

Зоран Заев: После трагедијата во Гостивар, размислуваме за законска измена за справување со кучињата!

ECA

Премиерот Зоран Заев изрази жалење за трагедијата што се случи во Гостивар, каде тинејџерка бегајќи од куче се удави во Вардар. Проблемот со бездомните кучиња, Заев, го лоцира и во комплицираните закони кои општините не можат да ги постигнат. Тој додаде дека треба да се следат препораките на ветеринарите.

Јас знам како поранешен градоначалник дека Општина Струмица плаќаше огромни суми за приватни компании кои организираа центри за згрижување на кучиња согласно стандардите. Размислуваме на промена на легислативата во пофлексибилен начин кој ќе ги почитува меѓународните стандарди за заштита на животот на жиувотните, но Република Македонија да може да го спроведе, бидејќи надлежноста е кај општините. Еден начин е преку промена на законодавството, потоа и кон повнимателно слушање на ветеринарите и спроведување на нивните укажувања – рече премиерот Зоран Заев.

Loading...

Related posts