vesti24.mk
СВЕТ

Зошто Меланија Трамп ja прекрши традицијата на првите дами на САД?

ECA

Првата дама на САД Меланија Трамп ја скрши долгогодишната традиција на првите дами и пристигна сама на годишното Обраќање на претседателот до нацијата за состојбата на земјата.

Од нејзиниот Кабинет беше соопштено дека Меланија дошла сама и пред претседателот Трамп бидејќи ги придружувала специјалните почесни гости на настанот.

Сепак, медиумите не се откажуваат од шпекулациите дека Меланија и Доналд не се во најдобри односи. Двајцата се немаат појавено заедно откако во медиумите се појавија гласини дека Трамп ѝ платил на порно ѕвезда за да молчи за нивната наводна афера.

Трамп негира дека воопшто имало афера, но гласините дека ѝ платил на порно актерката Сторми Даниелс 130.000 долари за да не зборува за нивната наводна едногодишна вонбрачна афера наводно ја разбеснале првата дама, шпекулираат медиумите.

Барак Обама и Џорџ В. Буш дојдоа на годишните обраќања со сопругите, исто како што Трамп дојде лани заедно со Меланија.

Но, годинава пристигнаа одвоено, а кога Меланија влезе во просторијата пред претседателот, заедно со почесните гости, присутните ја пречекаа со топол аплауз и овации.

аа се смееше и му мавна со раката на претседателот кога тој влезе.

Портпаролката на госпоѓа Трамп, Стефани Гришам, рече дека Меланија не патувала заедно со сопругот бидејќи „им оддавала должа почит на почесните гости кои се вистински херои.“

„Покрај одржувањето на приемот и фотосесијата во Белата куќа со нив и нивните семејства и пријатели, таа ќе ги придружува и во Капитол“, додаде таа пред настанот.

Тоа сепак не одговара на прашањето дали се влошени брачните односи меѓу претседателот и првата дама.

Нејзиниот избор на гардероба исто така беше ставен под лупа и се бараше скришен симболизам во фактот дека избра да биде облечена во бело од глава до пети, бојата на движењето на суфражетките од почетокот на 20. век, кои се залагаа за права на жените.

извор:кајгана.ком

Loading...

Related posts