vesti24.mk
ХОРОСКОП

Зошто Раковите се најспецифичниот хороскопски знак?

ECA

Раковите се еден од најспецифичните знаци во хороскопот, не само поради тоа што се емотивни, туку и поради тоа што штом се скријат во својата лушпа, па со нив тешко е да се излезе на крај.

Тие се неверојатно емотивни и чувствителни, но тоа немојте да го гледате како слабост, туку нешто што им ги носи нивните животни победи. Раковите се сјајни соговорници и многу внимателно  слушаат сè што ќе им кажете. Тие се вашата личност од доверба, а секогаш ќе ви дадат одличен совет за секој проблем или лоша ситуација во која ќе се најдете.

Раковите умеат одлично со зборовите, без оглед на тоа дали ги пишуваат или зборуваат, а точно знаат што треба да кажат во секој момент. Тие се луѓе со одлични манири, сè додека некој не ги „чепне“ нивните најблиски. Тогаш, можете да бегате од нив, и што побрзо да се скриете.

Тие се заштитнички насторени кон луѓето кои ги сакаат – семејството, блиските пријатели, партнерот. Обожаваат деца и животни.

Помнењето е нешто што секако им претставува предност, па немојте да се изненади ако сосема неочекувано се сетат на нешто што се случило пред 10 години.  Тие ја паметат и чуваат сета можна ситница.

Постојано настојуваат да бидат оптимисти, но нивното расположение се менува толку често што можете да ги најдете во милион различни емотивни состојби. Тие се неверојатно реални и ги прифаќаат работите такви какви што се. Умеат да живеат во бајки и затоа најголем дел од времето го поминуваат дома сами или со своето друштво. За нив нема најдобра забава од оние личности кои им значат.

За Раковите центарот на светот е нивниот дом и тоа ништо нема да промени. Таму се чувствуваат најсигурно, исполнето и вистински среќно.

извор:скопјеинфо

Loading...

Related posts